Незири: Превозниците досега не пријавиле штети од блокадата на хрватско-српската граница
Досега нема најава и не е пријавено дека некои превозници претрпеле штети од блокадата на хрватско-српската граница, изјави денеска министерот за економија Беким Незири, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе бидат обештетени македонските превозници.
Одговарајќи на новинарски прашања за активностите во случај Хрватска да одлучи целосно да ја затвори границата Незири рече дека Министерството за економија ги следи сите чекори и оти е подготвено за кое било сценарио.
- Хрватска е членка на Европската унија и се надевам дека ЕУ нема да дозволи херметичко затворање на граница. Како држава и како Министерство активно ги следиме сите чекори и сме подготвени за кое било сценарио кое би произглегло доколку се затвори таа граница, изјави Незири.
Според министерот Незири, доколку држава којашто е членка на ЕУ ја затвори границата има и европски фондови кои што ќе придонесат штетите да се покријат.
- Ја следиме секоја активност и ќе бидеме тука за кое било сценарио што би можело да се случи, но мислам дека херметичко затворање на границата ќе нема, изјави Незири.
Ново на Сител
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан