Независниот синдикат на образование и наука бара 20% покачување на платата во буџетот за 2019
Незавиниот синдикат за образование и наука бара со новиот буџет да се зголемат платите за 20 проценти. Голем број аргументи се наведени во барањето на наставниците. Плати под републичкиот просек , средства кои не се доволни за пристоен живот, а според синдикатот, трудот на просветните работници е далеку пониско вреднуван од нивните колеги во регионот .
Владата без конкретен одговор, најавија дека во следниот период ќе разговараат за покачување на платите на наставниците .
По повеќе години, наставниците прв пат овој месец добија за 5 проценти повисока плата. Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа, како работа за викенд и други активности. Со последната спогодба беше утврдена најниска плата за најнизок степен на сложеност за вработените, од 12 714 денари за основните и 13117 за средните училишта.