Независниот синдикат на МВР реагира на прераспределувањата на нивни претставници
Независниот синдикат на полицијата денеска реагираше на најновите решенија донесени од страна на МВР за прераспределба на дел од вработени кои се претседатели на синдикални организации.
Помошникот генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов изјави дека на 24 декември, два дена по неговиот избор за помошник генерален секретар на синдикатот, му е врачено решение за прераспределување од полициската станица во Аеродром во полициската станица Блаце.
-Со оглед на тоа што сум дипломиран правник со положен правосуден испит, дури и преквалификуван за полицаец за моите резултати директно наградуван лично од министерот, а за извршувањето на моите работни задачи не сум бил ниту усно предупреден, сакам да го прашам министерот дали вака изгледа професионализацијата во МВР, со испраќање на работниците во планина, единствено поради нивните синдикални активности, праша Ефремов.
Од Независниот синдикат на полицијата најавија дека доколку не добијат одговори заштита на своите членови ќе бараат пред надлежните судови.
Поддршка добија и од Конфедерацијата на синдикални организации каде што членка е Независниот синдикат на полицијата.
Ново на Сител
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност

