-->
-->
Независни Грци: Терминот „Македонија“ е грчки, па дури и да се каже на кинески
-->
Во однос на протестот во Солун, портпаролката на партијата што коалицира во грчката влада, вели дека бил голем собир, многу години немало таква масовност, а учество зеле граѓани со различни идеологии.Од Независни Грци, партијата коалициски партнер во грчката влада, уште еднаш повторуваат дека нема да прифатат име во кое би бил вклучен „грчкиот термин Македонија“, па дури, како што вели портпаролката на партијата, и да е на кинески јазик.
– Терминот „Македонија“ е грчки на кој било јазик и да се каже. Па дури и да се каже на кинески е грчки термин и ние не го прифаќаме овој термин или изведени зборови за Скопје – вели Мадалена Пападопулу, портпаролката на партијата за грчкото радио Реал ФМ, одговарајќи на прашањето каква би била позицијата на Независни Грци доколку се предложи име со терминот „Македонија“, но на македонски јазик.
Пападопулу додава дека за Независни Грци „употребата на терминот од соседите се идентификува со нивниот иредентизам“.
Во однос на протестот во Солун, портпаролката на партијата што коалицира во грчката влада, вели дека бил голем собир, многу години немало таква масовност, а учество зеле граѓани со различни идеологии.
– Протестот покажа дека инстинктот на Грците и понатаму е жив. Погрешно е размислувањето дека овој народ што отиде на протестот припаѓа на радикалната десница. Не може овој народ да го поистоветуваме со радикалната десница во Грција. Народот побара да не биде вклучен терминот Македонија во името на соседната земја. Не можеме да го игнорираме барањето на грчките граѓани, вели Мадалена Пападопулу од Независни Грци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
