Независни Грци со ново лого и нов спот: Црвените линии се нашата гордост
Црвените линии се централната тема во спотот, но и на новото лого на Независни Грци. Партијата коалициски партнер во грчката Влада, денес објави кус спот за партијата, а пораките што се упатуваат од дел од грчките медиуми се толкуваат како збогување и најава за повлекување од владата, јави дописничката на МИА од Атина.
- Црвените линии се нашата гордост. Црвените линии ја пишуваат нашата историја. Црвените линии ги почитуваат нашите предци. Црвените линии се независноста и нашата сила. Независни Грци, сега, порешителни од било кога, е пораката во спотот објавен од партијата на Панос Каменос.
Како што претходно објави МИА, состанокот на пратеничката група на Независни Грци е одложен за утре или за задутре.
Додека пак сите погледи за иднината на грчката коалициска Влада се насочени кон средбата закажана за петок на Алексис Ципрас и Панос Каменос.
Ново на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова
-
Војната во 2001-та вистински предизвик за известување за младата редакција на Сител
-
Информативната редакција на Сител со Марјан Ѓуровски
-
Информативната редакција на Сител со Јасминка Аневска
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија