Независни Грци и Нова демократија ги осудија заканите до Коѕијас
- Коалицискиот партнер во грчката Влада, Независни Грци и опозициската партија Нова демократија, преку соопштенија ги осудуваат заканите упатени до шефот на грчката дипломатија, јави дописникот на МИА од Атина.
- Заканувачкиот допис со куршум упатено до министерот за надворешни работи е дело со терористички карактер, а Независни Грци го осудуваат на најкатегоричен начин. Очигледно, тие се исто така кривично казниви. Овие постапки во суштина се насочени против демократијата, која сите ние сме должни да ја заштитиме, вели портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу.
Од опозициската партија пак, ја повикуваат владата веднаш да го расчисти случајот.
- Нова демократија на најнедвосмислен начин ја осудува заканувачката постапка врз министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и ја повикува владата веднаш да го расчисти овој неприфатлив инцидент, соопштуваат од грчката опозициска партија.
Со свој став, преку неговиот Твитер профил излезе и одговорниот за надворешна политика во Нова демократија. Јоргос Кумуцакос ги осудува заканите и вели дека заканите од секаков вид „се симптоми на болна демократија“.
Како што објави МИА, Коѕијас во пресрет на претстојната посета на Скопје, добил анонимно предупредувачко писмо со куршум. Во предупредувачкото писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум
-
Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна
-
Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од систематскиот преглед на Трамп
-
Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ ќе зборува на централниот собир пред Народното собрание
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-
Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Семејството кое загина во хеликоптерската несреќа во Њу Џерси славело роденден на ќерката
-
Мицкоски во посета на Граничниот премин Блаце – започнува со работа системот „One Stop Shop“