Македонија
4. April 2018 - 19:25

Независен: Средбата Димитров - Коѕијас следната недела во Охрид

Новата средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција - Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржи следниот четврток - на 12 април во Охрид, дознава „Независен весник“.

Се очекува Коѕијас да допатува вечерта на 11 април од Белград во Охрид, а во рамки на неговата мини-балканска турнеја. Потоа, тој заминува за Приштина.

Тоа ќе биде втора средба во земјава меѓу двајцата министри за кратко време. Нивната последна средба беше во Виена минатата седмица, а малку претходно Коѕијас беше во Скопје, каде што првпат слета на аеродромот кај Петровец.