Свет
14. September 2019 - 18:21

Незапамтена трагедија во Белорусија: 2-годишно девојче случајо си ја уби својата мајка

Дваесетиедногодишната Јулија Шарко (21) од Белорусија загинала на бизарен начин кога нејзината двегодишна ќеркичка случајно ја убила.

Јулија ја извлекувала ќерка си од прозорецот на автомобилот кога девојчето случајно го притиснало копче за затворање на прозорецот. Тој автоматски почнал да се затвора и да го притиска вратот на Јулија, а таа почнала да се гуши.

Набргу потоа, сопругот Артур ја пронашол сопругата во несвест, додека ќеркичката врескала во автомобилот. Тој веднаш го искршил прозорецот, ја извлекол надвор ќерката, а сопругата ја одвезол во болница во Брест. Осум дена подоцна таа починала.

Мозокот ѝ беше неповратно оштетен поради вклештените крвни садови, се наведува во медицинскиот извештај.

Полицискиот иследник Дмитриј Иванјук изјавил дека несреќата се случила додека Јулија била на гости.

Младата жена била на посета кај пријателите со своето семејство била во посета во местото Старо Село. Сопругот ја пронашол во несвест на 31 август околу 16:30 по локално време, a вратот ѝ бил притиснат со прозорецот на предниот дел на автомобилот, објаснил тој.

Двојката има две деца, Маргарита и Аријана. Во тек е истрага во врска со овој несекојдневен случај.