Живот
26. September 2017 - 11:16

Незапаметена трагедија: Дете (2) го застрела својот татко додека спиел

Полицијата на американската држава Мисури денеска соопшти дека двегодишно дете случајно го убило својот татко додека си играло со пиштол.

Таткото на детето Дарион Нобле (27) спиел во креветот, а покрај него било детето.

Како што пренесе АП, таткото е погоден во вратот и починал на самото место.

Трагедијата се случи во Сент Луис во саботата, а не е наведено како пиштолот полн со куршуми се нашол во рацете на детенцето.