Незапаметен феномен: Цело село дојде со свои очи да ја види оваа атракција
Поради десетте шарени прасиња, ова домаќинство стана вистинска атракција во селото и околината, а домаќинот вели дека приновата во неговиот свињарник се разликува од обичните прасиња по нивната живост.
-Толку се посебни што е милина да се гледаат. Доаѓаат и стари и млади, а тие како да го знаат тоа, неуморно трчкаат околу мајката, која пак стана агресивна и не дава на никој, освен јас и мојата сопруга да и се доближиме, додава Башевиќ.
Тој како што нагласува, изгледа неговата маторица ја оплодил некој див вепар.
Тие велат дека минатото лето, заедно со овците ја пуштале свињата да пасе планинска трева и желади во блиската шума.
Најверојатно тогаш имала контакт со див вепар, а бидејќи домаќините забележале дека е бремена, ја оставиле да ги роди прасињата, и не ја заклале на традиционалното селско колење на свињите.
Но ни на сон не помислиле дека ќе им роди 10 диви прасиња.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км