Македонија
11. October 2015 - 12:26

Невремето во Охрид направи пустош

Невремето со интензивни врнежи од дожд што од вчера попладнето и целата ноќ го зафатија Охрид предизвикаа поплавувања во повеќе делови на градот, најмногу на оние места што се сметаат критични при вакви услови.

Според податоците од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатата ноќ биле пријавени повеќе од 50 случаи на поплавувања на дворови и приземни катови од објекти во градот, а пријави имало и од Пештани каде ситуацијата е сложена при секои пообилни врнежи од дожд.

Најмногу јавувања од граѓани имало од населбите Далјан, Воска, Лескајца, и околните места како Велгошти, при што е интервенирано од екипи на ЈП „Нискоградба“ и „Проаква“ за отстранување на надојдената вода. Ситуацијата утрово е нормализирана со престанокот на врнежите.

За денеска е најавено дека претставници на надлежните од Општина Охрид и на Центарот за управување со кризи ќе ги посетат најзагрозените делови на градот, со цел да им се помогне на граѓаните да се справат со последиците.

Охрид е меѓу градовите каде ноќеска се регистрирани најобилни врнежи, со наврнати 90 литри на метар квадратен. 

 

nevremeoktomvri2nevremeoktomvri3

nevremeoktomvri4nevremeoktomvri5nevremeoktomvri6nevremeoktomvri7

nevremeoktomvri8nevremeoktomvri9nevremeoktomvri10nevremeoktomvri11nevremeoktomvri12

извор: ОхридПрес фото: Милчо Костевски