Невреме во Словенија: Обилните дождови предизвикаа поплави, во некои области падна и град
Силно невреме го зафати источниот дел на Словенија, при што обилните врнежи од дожд доведоа до излевање на реките, додека во некои области падна и град.
Како што пишува порталот 24 у р, невремето би можело да предизвика непогоди и во Прекмурје, Долењска и Посавје, додека западот од Словенија ќе остане претежно сув.
Како што соопшти Управата за заштита и спасување, вчера во попладневните часови подрачјето на општина Велење било зафатено од невреме со обилни врнежи.
Според прогнозата на локалните метеоролошки служби, поради големата нестабилност на атмосферата и ослабениот студен фронт кој ќе се приближува од север, во доцните попладневни и вечерни часови на север и североисток ќе се формира поголемо невреме, придружено со пообилни врнежи.
Тие ќе можат да се обновуваат во истите области долго време, што може да доведе до брзо издигнување и излевање на поројните водотеци, особено во Корушка и Штаерска. Потоа во текот на ноќта нешто ослабено невремето ќе може да ги зафати Долењска и Посавје.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?