Невреме во САД, еден загинат
Торнадо разурна домови и деловни објекти во густо населениот дел на Далас, каде се пријавени само помали штети, додека при невреме во Арканзас едно лице загина откако паднало дрво врз него.
– Радарите потврдиле дека торнадото вчера го погодило аеродромот Далас Лав Филд – изјави метеорологот на американската Национална метеоролошка служба Џејсон Годвин.
Нема информации за смртни случаи или тешки повреди во Тексас, но портпаролот на пожарникарската спасувачка служба Џејсон Еванс истакна дека три лица се однесени в болница со полесни повреди.
Поради невремето десетици илјади луѓе останале без електрична енергија.
Предупредувањата за торнадо се во сила и денеска во источниот дел на Арканзас, во близина на реката Мисисипи, бидејќи бурата се движи кон исток. Центарот за најава на бури во Норман, Оклахома, наведува дека делови на американските држави Алабама, Луизијана, Мисисипи и Тенеси би можеле да бидат погодени од силно невреме во текот на денот.
Ново на Сител
-
Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар