Бизнис
20. јуни 2018 - 19:32

Невреме во Радовиш

Наноси од песок и кал, вода во дел од домовите и стопанските објекти, ваква е сликата по вчерашното невреме  во Радовиш. Триесетина минути од пороен дожд проследен со силен  ветер и град биле доволни да настанат  сериозни штети како во дел од домакинствата,  така и на инфраструктурата во градот.Од локалната самоуправа велат дека уште од вчера интензивно работат  на терен за нормализирање на состојбата, а веќе биле формирани комисии кои ќе ја прават проценката на штетите.

,, Имаме многу пријави за направени штети. Јас како градоначалник имам потпишано одлука за формирање на четири комисии  кои во текот на утрешниот ден т.е. дваесет и прв шести ќе излезат на терен врз основа на добиени барања за увид на лице место каде имаат граѓаните штета и стопанските субјекти. Ќе ја скенираме комплетно состојбата во општина Радовиш и ќе преземеме соодветни мерки.,, вели ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Градоначалникот Конзулов вели дека поддршка за санирање на шетите ќе бараат и од државата бидејќи  според првичните информации од терен се работи за големи ошететувања кои општината сама нема да може  да ги санира. Пред извесен период силно  невреме имаше и овчеполието каде штетите беа проценети на 5 милиони евра.