-->
-->
Невреме во Кисела Вода, реки низ улиците и во Црниче
-->
Скопје попладнево повторно го зафати силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.
Од УХМР за МИА соопштија дека дуваше ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само на скопскиот регион.
Слично невреме во Скопје имаше и во саботата. Граѓаните јавуваат за последиците од невремето во скопската населба Кисела Вода и Црниче.
-->
-->
-->