Невреме со пороен дожд и грмежи во источните делови на земјата

До крајот на денот времето ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи, но со послаб интензитет, која повеќе ќе биде застапена во источните делови. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта, се очекува постепено стабилизирање на атмосферата.
Од попладне и попладне на повеќе места во земјата имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Најпрвин беа зафатени северозападните, а потоа се проширија и во западните и крајните источни делови односно во Беровскиот регион. Поинтензивни процеси имаше во Гостиварскиот, а особено во Кичевскиот регион каде имаше интензивен пороен дожд и грмежи, според радарската слика можна е и појава на ситен град. Оваа облачна маса продолжи да се движи од запад кон планините Караџица и Јакупица. Во Скопската котлина имаше зголемена облачност проследена со локален слаб дожд и појава на ретки грмежи.
Потоа со нестабилност од запад беше зафатен Велешкиот регион каде имаше интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И подрачјето на Македонски Брод беше зафатено од поинтензивни процеси. Доцна попладнево нестабилната облачна маса ги зафати Штип, и регионот на Кавадарци и Неготино каде (според радарските слики) имаше интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И подрачјето на Виница и Делчево беа зафатени со нестабилност, но со слаб интензитет. Во моментов нестабилноста во источните делови е со послаб интензитет и се очекува локален пороен дожд и грмежи во југоисточните делови, особено во Валандовскиот регион.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се движи од од 10 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 14 до 27 степени.
И во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
