Невреме со јак ветер во Скопје, неколку пожари и материјална штета

Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места.
Директорот на ЦУК за МИА вели дека се чека да се намали силината на ветрот за да се испратат воздухоплови за гаснење на овие пожари. Силниот ветер предизвика и материјална штета.
Според досегашните информации во невремето нема евидентирани повредени лица.
Паднати кровови од згради има во Чаир, во Ѓорче Петров, на булеварот Партизански одреди во близина на бензинската пумпа на Окта, како и паднати дрвја, гранки од дрвја и контејнери.
Од ЦУК информираат дека надлежните служби внимателно ја следат состојбата, и дека се во постојана координација со сите релевантни служби на терен.
Се повикуваат граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или воочат дополнителни ризици, веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
