Невреме со бура го зафати Белград

Силно невреме пристигна и во Србија. Први на удар беа делови од Западна Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека денеска во Србија ќе има значителна промена на времето, а во вториот дел од денот ќе има и невреме пропратено со обилни врнежи од дожд, град и ветер. Црвен метеоаларм е вклучен во пет региони – Банат, Белград, Шумадија, Поморавље и Источна Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во раните попладневни часови имаше силно невреме во Белград. За кратко време поради големото количество дожд, многу улици беа поплавени, сообраќајот е забавен, а во поединечни делови во прекин е градскиот сообраќај кој се одвива со трамваи и тролејбуси.
Во голем дел од градот падна и град со големина на орев, предизвикувајќи штети на зградите. Силниот ветер корнеше дрвја, носеше контејнери и покриви од неколку куќи, а во одделни делови на Белград извесен период имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Поради забраната за полнење гориво и привремениот прекин на струја на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ поради неповолните временски услови, како и губењето на аеродромските слотови, од Ер Србија соопштија дека може да има доцнења, па дури и потенцијално откажување на одреден број летови планирани во текот на денот.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
