-->
-->
Невообичаено ниски температури во Грција
-->
Температурите во некои делови на Грција изминатиов празничен викенд паднаа на зимско ниво проследени со снег и силен дожд, особено на повисоките места во северниот и западниот дел на земјата.
Снег синоќа падна во делови на Епир во северозападниот дел на Грција, на надморска височина од 1.400 метри и погоре, западниот брег на Превеза го зафатија поројни дождови, а температурата во Метсово падна на три степени Целзиусови.
Дождливото време што во неделата вечер ја зафати Грција се очекува да трае најмалку до среда во многу делови од земјата, а температурите ќе останат под сезонскиот просек.
Во Атина денеска е ведро, по неколку куси врнежи од дожд вчера, но синооптичарите за попладне најавуваат дожд, особено во северниот дел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?