Невобичаен инцидент на сингапурскиот аеродром „Чанги“
Авион од типот Ербас А330-200 на „Сингапур ерлајнс“ во утринските часови, од до сега необјаснети причини, со „носот“ се залепил за пистата.
Во компанијата „Сингапур ерлајнс“, која се смета за една од најсигурните во светот, за сега немаат никакво објаснување, а диверзијата се отфрла како можност, бидејки инцидентот се случил на сингапурскиот аеродорм „Чанги“, каде што е седиштето на компанијата.
Во авионот, кој во осум часот требало да полета за Хонг Конг немало патници ни членови на екипажот. Само еден инженер, како што наведоа од компанијата, извршувал рутински преглед на состојбата на авионот, кој девет часа пред тоа летал на релација Шангај-Сингапур.
Авионот што настрада на платформата е произведен во 2009 година Зошто се случил инцидентот, треба да одговорат експертите од сингапурската компанија и американскиот производител на Ербас, еден од најприсутните типови патнички авиони во светот.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје