Македонија
23. January 2021 - 16:52

Невладиниот сектор обвинува за некоординирана постапка по забелешките од УНЕСКО

Без план ,некоординирано, хаотично и  за лични интереси се работи на препораките на реактивната мисија на Светската организација за заштита на културното и природното наследство велат од невладината Охрид СОС. Дивоградбите во заштитената зона на охридско-струшкото крајбрежје, политика наместо заштита, беззаконието и негрижата може да го доведат Охрид од заштитено да се најде на црната листа на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО.

Се додека не завладее правото и додека не се сменат нештата на терен охридскиот регион ќе биде загрозен, од невладиниот сектор посочуваат дека и властите во Струга во изминатиот период не преземале ништо за исполнување на препораките.

Отстранување на дивопоставените објекти во заштитеното подрачје, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата Градска архитектура, се само дел од забелешките нотирани во најновиот обемен Извештај на УНЕСКО.