Фудбал
3. August 2018 - 10:56

Невил го најави трансферот на Мегваер во Јунајтед

Објава на Гери Невил на Твитер ги разбранува духовите меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед и Лестер.

Според многумина, Невил навести дека Јунајтед е близу до привлекувањето на Хари Мегваер.

- Се прибижува почетокот на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед против Лестер, Мегваер против Варди, напиша легендата на „црвените ѓаволи“.

„Црвените ѓаволи“ се сериозно поврзани со таков трансфер, а менаџерот Жозе Мурињо одамна инсистира на тоа да купи нов дефанзивец во тимот.