НЕВЕСТАТА ДОБИ ЗАСЛУЖЕН РЕЗИЛ: Младоженецот на свадба ѝ се одмазди за нејзините бесрамни неверства
Свадбата би требало да биде најубавиот момент во животот на еден заљубен пар. Но, некои луѓе се решаваат токму на ваквата веселба пред сите јавно да го обелоденат „валканиот веш“ на својот партнер кој што како камен го носеле на срцето во текот на целиот период додека биле заедно.
Оваа сторија е за една невеста која во периодот додека била верена со своето момче спиела со осум различни партнери, па потоа „мртва ладна“ истите ги повикала на својата свадба.
За нејзина несреќа, нејзиното момче, знаело за сè она што таа му го правела зад грб.
Целата приказна ја раскажал еден од гостите на свадбата и тоа пред бројна публика – во рамки на шоуто „The Graham Norton Show“. Настанот се случил во Велика Британија, а момчето по име Шон ги раскажа сите валкани детали во врска со свадбата на која присуствувал.
– Младоженецот стана и им рече на сите присутни исто така да станат бидејќи сака да каже здравица. Гостите станаа по што тој побара од нив да ги превртат своите чинии. Од оние кои на задниот дел од својата чинија имаа залепена црвена точка, тој побара да продолжат да стојат. По ова во просторијата останаа да стојат осуммина мажи – раскажал Шон во емисијата. Сите мислеле дека станува збор за некаква игра, но потоа следело објаснувањето од страна на младоженецот.
– Дами и господа, овие се луѓето кои спиеле со жена ми, додека ние бевме верени. Веднаш во овој момент ќе одам да побарам поништување на бракот – рекол младоженецот и излегол од просторијата.
Во продолжение, погледнете како Шон во живо ја раскажа оваа неверојатна случка.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд