Живот
30. July 2019 - 22:14

Неверојатно: Кучиња скитници спасија бебе - мајката го фрли во одвод, но се појавија хероите

Кучиња скитници спасија бебе кое една Индијка го фрли во одвод.

Камерите го снимија шокантниот настан во градот Кајтал каде жена го замотала новороденчето во најлон и го фрлила во одвод.

Дека нешто чудно се случува, забележале кучињата. Го извлекле бебето, а потоа со своето лаење го привлекле вниманието на минувачите кои повикале полиција.

Детето потоа е префрлено во болница каде му е укажана лекарска помош.

Кога е пронајдено бебето било тешко нешто повеќе од еден килограм и имало повреда на главата.

Полицијата се уште трага по мајката.