Неверојатни снимки од најмалите живи суштества
Микроскопите ни овозможуваат да ги гледаме дури и најситните постоечки предмети и суштества, но ограничувањата се јауваат при воочувањето движења. Некогаш е потребно да поминат часови, па дури и денови некои движења да се забележат.
Тим австралиски научници разви нов софтвер кој овозможува со помош на микроскоп, не само да се следи движењето и снимат организмите кои се движат бавно, туку и да се направат неверојатни тајмлапс (timelaps) фотографии на овие „животинчиња“ во акција.
Со оглед на тоа што процесот на следење на овие живи организми бара константно подесување на микроскопот и непрекинато фотографирање, научниците развиле посебен софтвер со помош на кој микроскопското снимање се одвива со неверојатна леснотија.
Системот овозможува изработка на фотографии со висока резолуција, врз основа на која можат да се генерираат интерактивни 3Д модели. Тоа на научниците им овозможува микроскопските организми да ги проучуваат од сите агли, а не само со класично гледање низ микроскоп „одозгора“.
Ново на Сител
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“