Живот
6. јуни 2016 - 13:36

Неверојатен брод за оргии пристигнува на Балканот

По Јадранското поре ќе заплови „бродот на љубовта“ по име „Azamara Kuest“, на кој ќе се случуваат вистински оргии. Тој ќе пренесува дури 690 патници желни за разни сексуални активности.

Бродот трга од Венеција и ќе плови до Словенија и Хрватска, а организатор на ова секс-крстарење е мексиканската групација Original Group.

Излетот е планиран за 2017. година, а бродот ќе застане во Спли, Дубровник и Задар за патниците да имаат можност да ги разгледаат градовите.

На бродот ќе се одвиваат разни работилници за парови, тематски вечери од еротска природа и забави покрај базен. Ќе постојат посебно одредени места на кои паровите ќе се „дружат“, но и такви на кои патниците ќе бидат целосно голи. За уживањето да биде комплетно, организаторите направиле и посебни соби за забава. Патниците ќе можат да уживаат во спа третмани, теретани, казина и два ресторани.

Сепак ќе има и некои ограничувања, па патниците нема да смеат да се сексаат со персоналот, а после полноќ ќе мора да бидат малку потивки.

Цените за ова патување се движат од нешто помалку од 2.600 евра па се до вртоглави 9.500. Оваа компанија веќе поседува три одмаралишта за возрасни, а ова им е прво крстарење кое го организираат. Како се одлучиле баш за оваа рута не е познато, но директорот на вели дека е сигурен дека ова ќе биде „искуство кое на патниците ќе им го промени животот“, пренесува Мајами Хералд.