-->
-->
Невакцинирани само петмина грчки пратеници
-->
Од 300 членови на грчкиот Парламент, невакцинирани се само пет пратеници, кои за да присуствуваат на седниците, потребно ќе биде два пат седмично да се тестираат, јави дописничката на МИА од Атина.
Информацијата дека 295 пратеници се вакцинирани ја соопшти првиот потпретседател на Парламентот Никитас Какламанис, објаснувајќи ги и условите за невакцинираните.
Темата ја отвори шефот на пратеничката група на СИРИЗА Јанис Рагусис за време на расправата за амандманот од Министерството за здравство и истакна дека сите пратеници од опозициската партија се вакцинирани.
Според грчките медиуми, еден од петте невакцинирани пратеници е од редовите на владеачката Нова демократија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје