Неуспешно тестирање на британскиот нуклеарен ракетен систем „Тридент“
Британскиот тест на нуклеарниот ракетен систем „Тридент“ минатиот месец не успеа бидејќи проектилот паднал во морето во близина на подморницата што ја испукала, објави денеска „Сан“.
Како што пишува весникот, потиснувачите на проектилот, опремени со лажни боеви глави, не се запалиле при тестирањето на 30 јануари кај брегот на Флорида и проектилот паднал во морето.
Министерството за одбрана кусо соопшти дека имало аномалија при тестирањето и дека поради проблеми со националната безбедност не може да соопшти повеќе детали.
-Поради прашања од националната безбедност не можеме да дадеме дополнителни информации за ова. Сепак, убедени сме дека аномалијата е специфичен настан и затоа нема никакви импликации во однос на доверливоста на пошироките ракетни системи и залихи „Тридент“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка