-->
-->
Неуромедика ќе се грижи за здравјето на македонските олимпијци
-->

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) Д-р Васил Тупурковски и директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски, потпишаа договор за партнерство со кој Неуромедика станува официјален партнер и официјална болница на МОК и на потенцијалните и евидентните македонски олимпијци кои ќе ја претставуваат Македонија на бројните меѓународни континентални и глобални натпреварувања.
Партнерството ќе биде насочено и кон сите други спортисти кои ќе бидат од интерес на МОК во рамките на Олимписката програма 2017-2020, како и кон другите активности на МОК во насока на унапредување и развој на Олимпизмот и спортот во Република Македонија.
При потпишувањето на договорот за партнерство, Угриновски и Тупурковски изразија задоволство за меѓусебната доверба и истакнаа дека е голема чест и обврска, Неуромедика да се грижи за сите спортисти кои се дел од олимписката програма на МОК.
Тие им посакаа високи спортски резултати на македонските спортисти на претстојните меѓународни натпреварувања каде што треба да реализираат олимписки норми и достојно да ја претставуваат Македонија на претстојните Олимписки игри.
Неуромедика како официјална болница на МОК ќе се грижи за здравјето на сите спортисти кои се дел од програмата на МОК. Современата медицинска апаратура е неопходна во брзата и точна дијагноза и на најмалите спортски повреди кај спортистите, а лекарската стручност и знаење се огромна придобивка кога треба да се изгради врвен и здрав олимпиец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
-

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати
-

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август
-

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас
-

Поскапуваат горивата
