-->
-->
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-->

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува по труењето со храна, соопшти денеска неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома во следните три дена.
Седумдесет и петгодишниот премиер се чувствувал лошо синоќа, а лекарите дијагностицирале воспаление на цревата и дехидрација.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека му била дадена инфузија.
– Согласно укажувањата од докторите, премиерот ќе одмара дома во следните три дена и оттаму ќе ги извршува државните работи – соопшти кабинетот.
На Нетанјаху во 2023 година му е поставен пејсмејкер, а во декември му е отстранета простатата поради инфекција на уринарниот тракт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
