Нетанјаху се поблиску до петтиот премиерски мандат
Актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху е победник на парламентарните избори, со што си обезбеди петти мандат, јави израелската телевизија Канал 12.
Според 96 проценти од преброените гласови партијата на Нетанјаху, Ликуд освои 37 места во Кнесетот, додека партијата Сината и бела партија на поранешниот генерал Бени Гантц доби 36 пратеници.
Иако ниту една партија не доби мнозинство во Кнесетот, кој има 120 места, резултатите покажуваат дека Нетанјаху е во подобра позиција за формирање коалициска влада со десничарските партии.
– Оваа е голема победа, изјави синоќа Нетанјаху и најави дека веќе ги почнал разговорите со евентуачните коалициски сојузници.
Ако 69-годишниот Нетанјаху е победник на изборите, тој летово ќе стане премиер со најдолг стаж во историјата на Израел.
Но, синоќа победа прогласи и Гантц.
Според политичкиот аналитичар Олфер Залзберг и Ликуд и Сината и бела партија мораат да побараат поддршка за коалициска влада. На изборите учествуваа 40-тина партии, од кои поголемиот број се поблиску до Нетанјаху.
Ново на Сител
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања