Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во приватни разговори со соработниците изјавил дека Израел има многу ограничена можност да влијае врз донесувањето одлуки на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во врска со Иран, додека Вашингтон води преговори за можен договор во војната која трае речиси три месеци, наведуваат две лица запознаени со разговорите.
Изјавите на Нетанјаху, кои за некои светски агенции ги пренеле двајца израелски функционери, доаѓаат во момент кога Израел главно е исклучен од првичните преговори за прекин на војната која почна со заедничко американско-израелско бомбардирање.
И САД и Иран ги намалуваат очекувањата за брз пробив во преговорите, додека остануваат длабоко поделени околу иранските нуклеарни амбиции, барањата на Техеран за укинување на санкциите и војната на Израел во Либан против Хезболах.
Нетанјаху инсистира на правото да ги продолжи воените операции против заканите на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, што би можело да го загрози договорот доколку Иран бара целосно запирање на израелските операции во јужен Либан.
Неименуван израелски функционер изјавил дека Нетанјаху изразил загриженост поради меморандумот за разбирање кој моментално е во фаза на преговори. Двата извори зборувале под услов да останат анонимни поради чувствителноста на приватните разговори.
Според наводите на еден висок американски функционер, договорот би вклучувал отворање на Ормуската теснина во замена за укинување на американската поморска блокада, по што би следувале понатамошни преговори за нуклеарните прашања. САД и Иран водат индиректни разговори со посредство на Пакистан.
Ирански извори навеле дека во подоцнежните фази би можеле да се најдат „изводливи модели“ за решавање на спорот околу високо збогатениот ураниум, вклучувајќи го и неговото разредување под надзор на нуклеарната агенција на ОН.
Нетанјаху, според израелскиот функционер, признал дека Израел „моментално нема маневарски простор да влијае врз претседателот“.
Во последните седум дена Трамп и Нетанјаху разговарале по телефон најмалку трипати. За време на еден разговор, Трамп рекол дека Нетанјаху е „многу добар човек и дека ќе го направи она што јас го сакам“, што предизвика дополнителни политички реакции.
По вториот разговор, Нетанјаху наведе дека со Трамп разговарал за отворањето на Ормуската Теснина и за идните преговори за иранската нуклеарна програма. Тој исто така истакна дека Израел го задржува правото на одбрана на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан.
Во меѓувреме, борбите меѓу Израел и Хезболах продолжија и покрај прекинот на огнот постигнат на 16 април, по поширокото американско-иранско примирје. Израелските сили остануваат распоредени во делови од јужен Либан, додека двете страни ги продолжуваат воените операции.
Ново на Сител
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
