Нетанјаху повика на прекин на мисијата на УНРВА
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на прекин на мандатот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), по наводите дека мал број вработени во агенцијата биле вклучени во терористичките напади на Хамас во Израел на 7 октомври.
– Мислам дека е време меѓународната заедница и самите ОН да сфатат дека мисијата на УНРВА мора да заврши, рече синоќа Нетанјаху пред делегација на амбасадори на ОН во Ерусалим.
„Постојат други агенции во ОН. Има и други агенции во светот. Тие треба да ја заменат УНРВА“, додаде тој. – УНРВА е целосно инфилтрирана во Хамас, нагласи Нетанјаху.
Забелешките на Нетанјаху доаѓаат откако се појавија извештаи за наводно учество на неколку работници на УНРВА во нападите врз Израел.
Откако обвиненијата беа објавени, неколку земји, вклучително и САД и Германија, ги прекинаа финансирањата на агенцијата на ОН.
Израел соопшти дека бројот на лица директно или индиректно вклучени во нападот на 7 октомври е околу десетина, а некои од нив се одговорни за киднапирањето на Израелци.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вети дека ќе се спроведе истрага и го раскина договорот на неколку вработени.
Ново на Сител
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
-
Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија