Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му биде извршена операција на простатата во подземна сала во медицинскиот центар Хадаса во Ајн Керем, во близина на Ерусалим, објави денеска израелската телевизија Канал 12. Одлуката да се оперира Нетанјаху во засилена операциска сала е донесена поради загриженост за можен ракетен истрел за време на операцијата.
Ракети се истрелани и од Јемен и од Газа во правец на областа Ерусалим во изминатите 48 часа.
Нетанјаху денеска ќе биде опериран под целосна анестезија и ќе остане во болница неколку дена по операцијата за отстранување на простатата, изјави денеска неговиот адвокат.
Министерот за правда на Израел Јаир Левин ќе биде привремен премиер додека операцијата е во тек, објавија израелските медиуми.
Израелскиот министер за одбрана Јаир Кац ќе има овластување да го свика кабинетот задолжен за безбедност доколку е потребно.
Израелските медиуми ја пренесуваат информацијата од веб-страницата на клиниката Мајо дека пациентите по таква операција обично се отпуштаат од болница за ден или два.
Ново на Сител
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица