Нетанјаху го критикуваше говорот на Кери за две држави

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше денешниот говор на американскиот државен секретар Џон Кери за блискоисточната политика, оценувајќи го како „големо разочарување“.
-Цел час државниот секретар ја напаѓаше единствената демократска земја на Блискиот исток, изјави Нетанјаху на државната телевизија.
Тој го обвини Кери дека се фокусирал на израелските населби а не обрнал многу внимание на палестинската населба.
Претходно денеска, кери изјави дека решението - две држави е единствен начин за да се постигне траен и праведен мир меѓу Израел и Палестинците, но дека тоа решение било „сериозно загрозено“.
Објаснувајќи ја минатонеделната одлука на САД да не стави вето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се осудува бомбардирањето на израелските населби, Кери изјави дека Вашингтон гласал на тој начин со цел да се зачува решението две држави.
- Тоа е она што ние го застапуваме: Иднина на Израел како еврејска и демократска држава, која би постоела во мир и безбедност, рамо до рамо со своите соседи, истакна Кери.
Тој рече дека со израелската политика за населување на Западниот брег се доведува во опасност мирот со палестинците.
- Никој кој сериозно размислува за мир не може да ја игнорира реалноста на заканата која овие населби ја претставуваат за мирот, истакна Кери во говорот посветен на мировните напори на Блискиот исток.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
