Македонија
22. May 2019 - 11:56

Несреќа кај Шапка - повредени две лица

Вчера во 12:40 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во село Гајре, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А. Џ. (25), патничко возило „БМВ“ со регистарски ознаки, управувано од А. Р. (64) како и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р. Р. (38), сите од село Шипковица, тетовско.

Како што информираат од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „форд транзит“ на возраст од 17 и 16 години, додека останатите пет сопатници во истото возило се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.