-->
-->
Несовесни граѓани печат ракија со прегорено моторно масло во Неготино
-->
– Несовесни граѓани во кантите за отпад си ставаат зимница, а ѓубрето го фрлаат на тротоарот. Ваков сомнеж изразуваат неготинци, реагирајќи дека неодговорни сограѓани ја загадуваат околината. А ракија се вари, нагласуваат, со прегорено моторно масло.
-Тука пред некој месец имаше контејнер, што сега веќе не е на тоа место. Е бидејќи некои несовесни неготинци се верни на традицијата, ѓубрето се уште си го оставаат на истото место на кое некогаш стоеше контејнерот. Но за жал ние треба да поминуваме покрај него. А кантите во двориштата нека се празни и чисти. Зима се ближи, може да послужат за спремање на некоја зимница. Срамота, зарем треба додека луѓето одат, употребени памперси и непознати хемикалии да им се лепат по нозете, во изјава за МИА реагираше Бојана Андонова, планинар и љубител на природата.
Комуналниот редар при Комуналниот инспекторат на општина Неготино, Андон Атанасов појаснува дека несовесните граѓани веќе во два наврати биле опоменати. Го носеле ѓубрето на тротоар, а кантите им зјаеле празни во дворовите. По правило, таму не требало да има контејнер, туку само пред згради и деловни објекти.
-Континуирано работиме како општина на одржување на хигиената, заедно со комуналното претпријатие. Секој ден се соочуваме со најразлични проблеми. Во изминатиов период се врши засилена контрола и откриени се, опоменувани и санкционирани повеќе граѓани за користење на недозволени средства за греење и за варење на ракија. Верувала или не, ракија се вари дури и со прегорено моторно масло, потврди и комуналниот редар.
Разговарале со неодговорните, за да проработи нивната еколошка свест.
Атанасов се надева дека сепак ќе преовлада разумот кај непромислените и дека вакви проблеми ќе нема во иднина
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
-

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование
-

Природниот гас меѓу потреба и ризик: Како новата инфраструктура ја менува енергетската слика на Македонија?
-

Почна гласањето за „Приказната за Силјан“: Филмот на Тамара Котевска во трка за престижно меѓународно признание

