Несокојдневен случај во Русија - Мечка влегла во трговски центар!
Eдна дива мечка залута во трговски центар на крајниот исток на Русија, а потоа се упати кон блиското игралиште, по што полицијата беше принудена да ја убие. При интервенцијата на полицијата немало повредени.
Локалниот ТВ канал „Местропро“ објавил видео на кое се гледа како мечката го разбива прозорецот а потоа лута низ трговскиот центар во градот Хабаровски, кој се наоѓа во близина на границата со Кина.
Тогаш мечката ја турка и ја отвора вратата, по што излегла надвор и одела кон блиското игралиште, поради што полицијата морала да ја убие.
Истражниот комитет, главното државни истражно тело во Русија, започна истрага и ја испитува оправданоста на полициската интервенција.
Телевизијата пренесе дека мечката била на возраст меѓу две и три години.
Ново на Сител
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите