Нептун гради нов дистрибутивен центар во општина Илинден
Компанијата Нептун Македонија ДОО во стопанскиот комплекс „Илинден“ почна со градба на нов дистрибутивен центар, што ќе се простира на површина од 7.000 метри квадратни.
Вкупната инвестиција, според инвеститорот, изнесува три милиони евра, а ќе се отворат 40 нови работни места. Новиот објект треба да биде готов до август годинава.
Како што информира општина Илинден, во 2015 година отуѓени се пет градежи парцели со намена за стопанство, лесна и незагадувачка индустрија со површина од 24.779 метри квадратни. Вкупната проценета инвестиција на новите пет компании кои откупија градежно земјиште изнесува 4.500.000 евра и ќе овозможат отворање нови 70 работни места.
Во 2015 година во општина Илинден шест компании почнаа со градба на своите нови капацитети, почна изградбата на две станбени згради, а во употреба беа пуштени четири нови стопански објекти. Во локалните економски зони во општина Илинден досега има 176 инвестиции, од кои 31 странска директна инвестиција.
Ново на Сител
-
Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина
-
Eвропските лидери за можноста за испраќање мировници во Украина
-
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава
-
Без струја утре дел од Општина Аеродром
-
Владата утре ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности
-
Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
-
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец