Живот
25. September 2015 - 12:30

Непропуштајте го овој феномен на македонското небо

 
 
Викендот на 27 и на 28 септември ќе биде посебен за нашата месечина. Таа ќе биде во положбата Перихел, најблиската до нашата планета и ќе биде целосно осветлена. Во оваа фаза ќе имаме и целосно затемнување на месечината, пишува „Метеопро“.
 
Полна месечина во Перихел се нарекува супермесечина. Супермесечината е 30 проценти посветла од обичната полна месечина и имаме привид дека месечината е 14 пати поголема отколку кога таа е во положбата Апхел (најоддалечената во однос на Земјата). Инаку разликата во растојанието помеѓу Земјата и Месечината меѓу Апхел и Перихел е 49,800 километри. Средната дистанца меѓу овие две небесни тела е 384.000 километри.
 
Оваа ретка појава што ќе се случи овој викенд е целосното затемнување на супермесечината. Според НАСА, во минатиот век само петпати бил набљудуван овој феномен, во 1910, 1928, 1946,1964,1982 година. Следната појава по годинашнава ќе биде на 8 октомври во 2033 година.
 
Повеќе за крвавата месечина прочитајте на „Метеопро“.