Непрописно фрленото комиње проблем за „Комуналец” од Кавадарци
Непрописно фрленото комиње како отпад по преработката на грозје и печењето ракија, претставува проблем за Кавадарци и кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”. За ова денеска информираше Ѓорѓи Поп Ицов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило.
- Постојат несовесни кавадарчани кои никако да разберат дека комињето треба да го фрлаат во контејнерите од пет метри кубни, а не во тие од 1,1 метар. Помалите контејнери побрзо се преполнуваат и потоа имаме проблем со нивното празнење. Затоа за оваа намена, треба да се користат поголемите контејнери, кои се поставени на 25 локации во градот, рече Поп Ицов.
Тој нагласи дека поради непромислено истурање на комиње во канализација, доаѓа до затнување на канализациската мрежа.
Притоа додаде дека на лозарите кои имаат големи количини на комиње, комуналци им препорачуваат со тракторските приколки да го однесат отпадот до градската депонија „Мелци”. - Таа е само на три километри од градот и до неа води асфалтен пат, посочи Поп Ицов.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство