Loading Video...
Свет
30. јуни 2018 - 16:16

Непристоен предлог -Трамп му понуди на Макрон сојузништво за излез од ЕУ

Американскиот претседател Трамп му предложил на францускиот колега Макрон да излезе од ЕУ и да склучи билатерален договор со САД.

Вашингтон Пост пишува дека Трамп прашањео на Макрон  му го поставил на средбата во Белата куќа во април.

Според анализата на весникот, Трамп последните месеци ги зголемил нападите врз ЕУ , особено поради, како што тој вели нечесната трговската пракса посебно во автомобилската индустрија. Минатата недела на  митинг во Северна Дакота, Трамп изјави дека ЕУ била формирана за да ги искористи предностите на САД . На 17 мај пак пред лидерите на ЕУ, тој се пожали дека САД е околу 150 милјарди долари во трговски дефицит со ЕУ.

Трамп чие предизборно мото беше Америка на прво место, често го критикува функционирањето на меѓународните организации, посебно НАТО.

Јавните критики Трамп упати и на Самитот Г-7 во Канада кога рече дека Алијансата е исто толку лоша колку и НАФТА или Северноамериканскиот договор за слободна трговија.

Американскиот претседател и покрај критиките сепак ќе учествува на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел. По НАТО, следи историската средба на Трамп со рускиот претседател Путин.