Џет-Сет
21. January 2016 - 13:25

Непрепознатлива: Убавата актерка ја избричи главата

Познатата актерка Пенелопе Круз потполно се посвети на улогата на мајка која боледува од рак на дојка во филмот „Ма МА“ па дури и ја избричи главата за потребите на улогата.

Пенелопе во новиот филм толкува улога на невработената учителка Магда која се соочува со тешката дијагноза со неверојатен оптимизам и храброст.

-Ова ми е една од најдрагите улоги кои сум ги играла. Потполно се вљубив во таа жена, вистинска божица е, вели 41-годишната актерка.

Пенелопе низ оваа улога ги помина сите фази на канцерот, а оптимизмот на хероината не престанува ни по масектомијата и хемотерапијата.

-Ми беше важно улогата да ја сфатам сериозно, ни во еден момент не се чувствував грдо, филмот е ода на сите жени кои се борат со болест, вели таа во интервју за едно шпанско радио.