Неправилности на прелиминарните избори во Њујорк

На внатрепартиските избори во Њујорк се утврдени неправилности, поради кои официјалниот контролор на гласањето Скот Стрингер нареди да се изврши проверка на членовите на изборната комисија.
Тој, на денот кога демократите и републиканците во Њујорк се изјаснуваа за својот кандидат за ноемвриските претседателски избори во САД, изрази „длабока загриженост“ поради „извештаите за проблеми и нерегуларностите на избирачките места“.
- Нема ништо што е толку свето во нашата земја како правото на глас, а сепак избори по избори доаѓаат извештаи за луѓе кои без образложение се отсратнети од избирачкиот список, упатени се да гласаат на погрешни места или не ни можеле да пристигнат до своето избирачко место, изјави Стрингер.
Тој додаде дека неговата канцеларија примила поплаки дека некои избирачки места не били отворени на време, како и дека никој на гласачите не можел да им каже кога ќе бидат отворени.
Во Квинс биле расипани апаратите за гласање, а членовите на избирачките одбори им велеле на гласачите своите гласачки ливчиња слободно да ги пуштат во отворот и дека подоцна ќе бидат процесуирани.
Во некои случаи, членовите на одборите не знаеле да ракуваат со гласачките апарати, им давале погрешни информации на гласачите и погрешно ги упатувале.
Посебно загрижува обвинението за бришење на гласачи од списоците.
Стрингер нагласи дека бројот на регистрирани гласачи на демократите во Бруклин необјасниво бил намалезн за 125.000 лица од ноември минатата година до сега.
- Народот на Њујорк изгуби доверба дека изборната комисија може ефикасно да ги спроведе изборите и имаме намера да откриеме зошто изборната комисија е толку неорганизирана, хаотична и неефикасна, истакна Стригер.
Ново на Сител
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
