-->
-->
Непознато лице украло трамвај во Загреб
-->
Неидентификувано лице синоќа украло трамвај во Загреб, го возел околу Трешњевац, каде го оставил и заминал во непознат правец.
„Синоќа нешто пред 23 часот непознат сторител украл нископоден трамвај кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата „Тратинска“, каде го оставил возилото и заминал во непознат правец“, соопшти ЗЕТ за хрватскиот портал Индекс.
Во трамвајот во тоа време немало патници, а во инцидентот, велат, нема повредени, и возилото не е оштетено.
Полицијата запленила снимки од видео надзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е покрената внатрешна истрага за утврдување одговорност за овој пропуст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
