-->
-->
Непознати сторители скршиле две прозорски стакла во црква во Туденце
-->
Штета од околу 2.000 денари претрпела црквата „Света Петка“ во тетовското село Туденце откако засега непознати сторители скршиле две прозорски стакла со димензии 40 х 50 сантиметри, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Инцидентот се случил вчеравечер околу 21 часот и 30 минути.
- Според досегашниот тек од преземената истрага, непосредно пред да се случи оштетувањето во близина на црквата било забележано патничко возило со тетовски регистерски таблици, во кое се наоѓале четири до пет лица и кое набрзо се упатило кон Копанце. При полицискиот увид биле фотодокументирани оштетувањата и се работи на откривање на идентитетот на можните сторители и расветлување на сите поединости поврзани со овој случај, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар