Непозната дрога заплената на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул
Досега непозната дрога во Турција е заплената од полицијата на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Само килограм од овој наркотик, кој е во вид на прав, бил доволен за да се произведат 900 килограми синтетичка дрога, соопштија аеродромските власти.
Дрогата била откриена во чанта на една патничка, која пристигнала со авион од Хонгконг. Дежурната екипа на аеродромот од Дирекцијата за борба против шверц на дрога се посомневала во патничката и побарала проверка на нејзината чанта. Биле пронајдени три кутии, во кои бил ставен наркотикот.
Жената тврдела дека кутиите содржат протеин во прав, а лабораториските анализи покажале дека станува збор за нов вид на дрога, која во Турција не е позната. Патничката е приведена, а истанбулската полиција во соработка со своите колеги во Хонгконг водат истрага за откривање на испраќачот на дрогата.
Ова е една од најголемите наркооперации на полицијата на аеродромот „Ататурк“. Вредноста на пратката изнесува околу 3,7 милиони евра.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол