Џет-Сет
13. јуни 2017 - 8:43

Непоканет гостин: Трамп упадна на туѓа свадба

Кристен Пјатковски и Такер Гледхил го доживуваа еден од најзначајните денови во нивниот живот, кога на нивната свадба ненадејно влета американскиот претседател Доналд Трамп.

Имено, Пјатковски и Гледхил ја одржувале свадбата во Голф клубот на Трамп во Њу Џерси и не ни помислувале дека на прославата ќе се појави американскиот претседател. 

Причината за „упадот“ на Трамп на свадбата не е позната, но тоа не им пречеше да сватовите да почнат да се фотографираат со претседателот. Секако Трамп направи заедничка фотографија и со воодушевените младенци.

Набрзо по настанот, социјалните мрежи беа преплавени од фотографии и видеа од „упадот на Трамп“.