Македонија
7. August 2016 - 8:45

Неофицијално: Природната катастрофа во скопско однесе човечки животи

 
Природната катастрофа и најголемите и најобилни врнежи кои досега се забележани во Скопје веројатно имаат трагични последици и резултираат со загуба на човечки животи.
 
Извори од институциите кои се на терен потврдија дека катастрофалните поплави предизвикаа човечки жртви. Неофицијално, се работи за неколкумина жртви.
 
Истите извори велат дека вакви катастрофични сцени се немаат забележано во Скопје. Од обилните врнежи кои паѓаа интензивно подолг период буквално се создаваа реки кои носеа се пред себе во околината на Скопје.
 
Силата на ударот на природната непогода бил толку силен што десетици возила зафатени од невремето буквално биле истуркани од водниот бран и пловеле дури и по неколку стотици метри.
 
Невремето корнеше и дрва и предизвикуваше свлечишта, одрони на повеќе локации низ Скопје.