Македонија
19. October 2019 - 10:03

Неофицијална средба на министерот Нуредини со еврокомесарот Хан

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини имаше неофицијална средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање на средбата Нуредини му пренел на Хан дека Република Северна Македонија ги исполни сите очекувани барања за добивање датум за преговори со ЕУ.

– Тој порача и понатаму да го задржиме позитивниот дух и со крената глава да продолжиме по патот на кој што сме. Хан ја нагласи неговата непоколеблива поддршка во реализацијата на нашите цели за влез во ЕУ, а очекувањата да ги реализираме во најскоро време, се додава во соопштението.